Бизнис
2. February 2017 - 19:37

Старосната граница за пензионирање не се менува, Управниот суд Ја укина можнста за пензионирање на различна возраст

Нема опасност од зголемување на границата за пензионирање. Таа останува 62 години за жени и 64 години за мажи. Вчерашната одлука на Уставниот суд не е во тој правец. Еден од подносителите на иницијативата пред Устевн, Стамен Филипoв, вели дека Судот ја укина можноста мажите и жените да одат во пензија на различна возраст.

„Жената и натаму оди во пензија соглансо Законот за пензиоско и инвалидско осигурување со навршени 62 години старост , а мажот со 64 години. Ако сакаат работниот стаж може да им се продолжи до 67 години и на мажот и на жената заради половната еднаквост“, вели Стамен Филипов, подносител на иницијативата.

Старосната граница за пензионирање е уредена со Законот за пензиоски и инвалидско осигурување. Вчерашната одлука на Уставниот суд не се однесува на овој закон. Таа се однесува само на рамноправноста на мажите и жените вработени во администрација.

„Дали сега постои опансост дека жените ќе мора да работат до 67 години? Не. Само ако сака. Сега ми се јави една жена и ми вели „сега ќе трба да работам до 67 години“. Не. Кога жената ќе наврши 62 години работодавачот по службена должност треб ада ја пензиоира, освен ако самата не поднесе барање за продолжување“, вели Филипов.

Во Министертсвто за труд и социјала се уште не ја добиле одлуката на Уставен суд. Велат измените во законот ќе бидат направени соглансо одлуката на судот.