Македонија
8. May 2021 - 16:38

Стариот пат Охрид - Кичево ризичен за учесниците во сообраќајот

Патниот правец Охрид - Кичево опасен и небезбеден за граѓаните. Новиот автопат се гради веќе неколку години, но засега не се гледа надеж дека работите би биле готови уште долго велат граѓаните. Импровизиранот кружен тек пак кој ги дели двата главни туристички центри Охрид и Струга и охридскиот аеродромот е еден од нафрекфентните но и една од најкритичните точки во сообраќајот во овој регион.

Според СВР Охрид, од почетокот на 2021 година заклучно со месец април  на патниот правец Охрид - Кичево, регистрирани се 15 сообраќајни незгоди со 10 тешко повредени лица, додека во текот на 2020 година, евидентирани се вкупно 69 сообраќајни незгоди со 33 тешко повредени и апелираат до граѓаните да бидат крано внимателни во сообраќајот.

Најчести причини за сообраќајните незгоди и понатаму остануваат, непридржување на брзината на движење пропишана на патниот правец, неприлагодување на брзината спрема условите на патот, управување моторно возило под дејство на алкохол и зборување на мобилен телефон во тек на управување моторно возило. Инаку автопатот Кичево - Охрид започна да се гради во февруари 2014 година, но неколку години подоцна се утврдија сериозни пропусти во проектната документација.