Македонија
16. јуни 2019 - 12:22

Старица во својот двор во прилепско Алинци пронашла граната од Првата светска војна

Вчера во 15.30 часот во Полициската станица Прилеп, И.С.(79) од с.Алинци, прилепско, пријавила дека во дворното место пронашла неексплодирана граната.

Полициски службеници излегле на местото, а пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување констатирал дека се работи за минофрлачка граната од 75мм, која потекнува од Првата светска војна.

Гранатата била подигната за понатамошна постапка.