Македонија
14. August 2019 - 10:57

Старица тешко повредена во сообраќајка во кичевско

Вчера во 18,40 часот на локалниот пат за с.Грешница-кичевско патничко моторно возило „Опел астра“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од Н.Р.(74) од истото село, излетало од патот.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката З.Р.(75) од с.Грешница, по што била пренесена во Медицинскиот центар во Кичево.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Полициската станица Кичево.