Македонија
13. February 2016 - 13:47

Старица тешко повредена, настрада во сообраќајка во Куманово

Вчера околу 18,00 часот во Куманово на ул.„Ѓорче Петров“ била случена сообраќајна незгода во која Б.Т.(36) управувајќи патничко моторно возило „Опел Корса“ со кумановски регистерски ознаки удрила во пешакот В.С. (80) од Куманово. 

Во незгодата, пешакот се здобил со тешки телесни повреди по што бил пренесен и задржан на лекување во МЦ-Куманово. Се работи на целосно расчистување на случајот.