Македонија
23. January 2017 - 14:21

Старица спасена, пожар го проголта нејзиниот дом во Радовиш

Ноќеска во 01.35 часот во Радовиш, на ул. „22- Октомври“, во куќа сопственост на М.Р.(75), од засега непознати причини, избувнал пожар при што изгорела покуќнината од собата во која спиела М.Р.
 
Истата била префрлена во Медицинскиот центар Штип поради вдишан чад.
 
Пожарот бил изгаснат од страна на Територијалната противпожарна единица Радовиш, а увид ќе се врши во текот на денешниот ден.