Македонија
11. December 2015 - 13:27

Старица прегазена и во Росоман

На регионалниот пат Велес - Градско вчера во 16:30 часот се случила сообраќајна незгода во која М.К.(61) од Богданци, управувајќи ТМВ „Рено“ со приколка, удрил во пешакот С.С.(51) од с.Росоман.

По незгодата, пешакот С.С. со возило на Итната медицинска помош  е пренесена во Градската болница во Велес, каде и се констатирани тешки телесни повреди, по што е префрлена во Ургентниот центар во Скопје.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР-Велес.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.