Македонија
2. September 2019 - 10:47

Старец прегазен во селото Злетово

Вчера утро во 07.35 часот на ул.„Македонија“ во с.Злетово, пробиштипско, патничко возило „фолксваген голф“ со кратовски регистарки ознаки, управувано од В.Т.(37) од с.Кнежево, кратовско, удрило во пешакот С.С.(73) од с.Злетово.

Во незгодата, пешакот се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Клиничката болница Штип каде му била укажана помош.

Увид на местото извршила екипа од Полициската станица Пробиштип.