Македонија
30. January 2019 - 10:07

Старец (92) прегазен во Скопје, со тешки повреди префрлен на Клиника

Вчера во 15.10 часот на крстосница од улица „Банско“ и улица „Рилски Конгрес“ во Скопје, патничко возило „Даеву матиз“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.И.(52) од Скопје удрило во пешакот С.С.(92) од Скопје.

С.С. се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Ургентен центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.