Македонија
21. January 2021 - 8:56

Старата добра вакцина пристигна во соседството - Јас уште вчера би ѕвонел во Пекинг и Москва, вели д-р Беќаровски

Старата добра вакцина пристигна во соседството. Втората кинеска вакцина SINOPHARM, со која започна вакцинацијата во Србија е класична вакцина, направена од умртвен коронавирус, пишува д-р Нико Беќаровски на Фејсбук.

„Србија е единствена држава во светот каде во моментов имате избор на класична вакцина, модерна DNA и авангардна mRNA вакцина. Успешноста на оваа вакцина е 80-86%. Втората руска вакцина исто така е синтетизирана од мртов коронавирус. (EpiVac), за која Русите тврдат дека е 100% ефикасна. Кинезите се на добар пат да создадат и вакцина од жив корона вирус. Јас уште вчера би ѕвонел во Пекинг и Москва, порачува Беќаровски.