Македонија
27. October 2018 - 11:21

Стара неексплодирана артилериска граната пронајдена во Битола

Стара неексплодирана артилериска граната од Првата светска војна е пронајдена во старата касарна во Битола-комплекс Јуриј.

Пиротехничар во Дирекцијата за заштита и спасување вчера пријавил во Полициската станица – Битола дека во 13:30 часот од страна на вработен во ГП „Гранит“, при изведување градежни работи во старата касарна  била пронајдена артилериската граната.

Во 13:50 часот, соопшти МВР, од страна на пријавителот гранатата безбедно е подигната за натамошна постапка.