Џет-Сет
16. July 2015 - 20:07

Стар перверзник: Нема да верувате што рекол Доналд Трамп за својата ќерка

Милијардерот Доналд Трамп кој учествува во претседателската кампања во Републиканската партија за кандидат за претседател на САД, изјавил дека би излегол со својата ќерка Иванка на љубовен состанок, ако не и бил татко.
 
Иванка никогаш не би позирала за списание како што е „Плејбој“, иако има супер тело. Да не ми е ќерка, сигурно би ја поканил на љубовен состанок, рекол 69-годишниот Трамп.
 
Американскиот милијардер со оваа изјава ги шокираше луѓето ширум светот, а коментаторите на социјалните мрежи пишуваат дека им се гади од Трамп и дека таков човек не би требало да биде ничиј претседател.