Бизнис
9. March 2016 - 13:51

Стапката на невработеност во последниот кавратал лани 24,6 отсто

Во последното тримесечје од 2015 година активното население во Република Македонија брои 949.525 лица од кои вработени се 715.758, а 233.767 се невработени, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Стапката на активност во овој период, според овие податоци, изнесува 56.6, стапката на вработеност 42.7, додека стапката на невработеност изнесува 24.6.