Стапија на сила новите мерки
Откако утрово беа објавени во Службен весник, од денеска почнуваат да важат рестриктивните мерки кои пред 2 дена ги усвои Собранието.
Носењето маска на отворено станува задолжително, а за непочитување на мерката предвидена е казна од 20 евра. Оваа мерка нема да важи за деца под 6 годишна возраст и за лица со посебни потреби и пречки во развојот. За лица кои спортуваат, за лица кои се возат сами или со членови на семејството во ист автомобил и во угостителски објекти каде се почитуваат пропишаните протоколи за дистанца и дезинфекција.
Се забранува и групирање на повеќе од 4 лица на јавен простор по 22 часот, а задолжителна станува и самоизолацијата за сите кои се тестираат за ковид 19 се до добивање на негативен тест, за што е пропишана парична казна од 50 евра.
Со законските измени поголеми надлежности добија и инспекторатите кои доколку затекнат објекти кои не ги почитуваат здравствените протоколи може веднаш да изречат привремена забрана за работа.
Од државниот паразен инспекторат информираат дека се извршени 742 контроли, при што е затворен само еден угостителски објект во Гостивар.
При останатите контроли во останатите градови ДПИ информира дека не се констатирани прекршувања на протоколите.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација