Џет-Сет
15. March 2016 - 18:46

Станува сериозно: Орландо Блум ја запозна Кејти Пери со мајка му

Иако официјално не ја потврдуваат нивната љубовна врска, факт е дека Кејти Пери и Орландо Блум последните денови не се разделуваат.

Првите гласини за мивната врска се појавија по доделувањето на наградите Златен глобус, каде Кејти и Орландо цела вечер не се одделуваа еден од друг.

Потоа тие уште неколку пати беа забележани заедно, а пред некој ден се вратиле од Лондон, каде што црнокосата пејачка ја запознака мајката на актерот. Како што потврдија добро информирани извори, целта на патувањето била токму Кејти да се запознае со пријателите и семејството на Блум, со што стана јасно дека двојката има сериозни намери.

- Кејти никогаш не била посреќна. На нејзиното лице секогаш има голема насмевка кога е со Орландо. Тој е вистински џентламен и ја чува како капка вода на дланка, открива анонимен извор за американските таблоди.

По неуспешниот брак со Расел Брандон, Кејти имаше бурна врска со уште еден холивудски „женкар“ Џон Мајер, по што веројатно Орландо и дојде како мелем на рана.