Македонија
21. October 2020 - 21:46

Станува ли борбата со корона предмет на политички пазарења? Може ли да се очекува ефикасност од собраниска комисија?

Колку побрзо партиите постигнат консензус околу менаџирањето на здравствената криза, толку поголема ефикасност ќе се имаат мерките. Аналитичарите се согласни дека и власта и опозицијата користат политички маневри, од кои единствен губитник ќе бидат граѓаните.

За да се надмине оваа состојба неопходен е политички консензус, кој ќе овозможи и силен легитимитет на одлуките, вели Владимир Божиновски.

Политиканство околу менаџирањето на кризата постои речиси секаде во светот, па така и кај нас. Опозицијата не реагира брзо на барањата на здравствените власти, вели Алберт Муслиу, кој потсетува дека дека противречноста на партиите најмногу ќе ја почуствуваат граѓаните.

За да се надмине ова, партиите треба да даваат сугестии на институциите, а не дијалогот да се води на политички начин, вели Муслиу.

И Божиновски и Муслиу се согласни дека последица од политичката битка на двете партии околу справувањето со здравствената криза, ќе биде зголемената недоверба кај граѓаните.