Станислав Бојчески го фати крстот во Тетово
Дваесет и двегодишниот студент Станислав Бојчески од Тетово беше најсреќниот од тројцата кои влегоа во осветените води од дворот на соборниот храм „Светите Кирил и Методиј“ во Тетово и го фати осветениот крст на денешното одбележување на големиот христијански празник Богојавление - Водици.
- Ова ми е прва година што се фрлам по крстот. Годинава очекувам Господ да ми даде здравје, среќа, љубов другото само ќе си дојде, изјави Бојчески.
Претходно митрополитот тетовско-гостиварски господин Јосиф во сослужение на повеќе свештеници од тетовското арихиерејско намесништво отслужи света божествена литургија и водосвет.
- Празнувајќи го овој празник ние како верен народ треба да имаме чувство дека над нас е отворено небото како што било во моментот на христовото крштевање во Јордан и дека како христијани треба да ја доживееме пораката на Отецот небесен искажана за возљубениот син при неговото крштевање од Јован Претечата, рече во своето обраќање пред присутните верници господин Јосиф.
Празникот Водици на сличен начин се одбележа и во повеќе села од тетовско со положување на светиот крст во базени во црковните дворови или во реките што минуваат низ населените места.
Ново на Сител
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација
-
Претседателски избори 2024: Утре први гласаат членовите на ИО кои ќе ги спроведат изборите во дијаспората
-
Нови 46 случаи на голема кашлица од 12 до 18 април, хоспитализирани девет лица
-
ЕУ повикува сите актери на Блискиот Исток да работат на деескалација на тензиите