Свет
16. March 2017 - 9:10

ОН: Стагнира броjoт на жени во политиката

Бројот на жени во националните парламенти во светот, што бележеше стабилен раст неколку десетлетија, во последно време бележи стагнација, соопштија Обединетите Нации.

Минатата година тој раст бил толку незначителен, така што со ова темпо ќе треба половина век за да се постигне парламентарна еднаквост меѓу мажите и жените, се вели во анализата на ОН, објавено вчера.

Боливија и Руанда се единствените земји во светот во кои има повеќе пратенички од пратеници.

Позитивно е што продолжува зголемувањето на бројот на жените министри во владите воопшто. Моментално во светот нивниот број изнесува вкупно 732, што е 18 отсто од министрите. 

Бројот на жените претседателки и премиерки е во пад, од 19 на 17, но и тоа е двојно повеќе од 2005 година.