Свет
31. August 2017 - 20:13

Стадион за крикет во Лондон е евакуиран поради стрела од самострел

Стадионот „Овал“ за крикет во Лондон денеска е евакуиран откако стрела од самострел падна на теренот за време на натпревар.

Во моментот се врши контролирана евакуација, а натпреварот меѓу екипите на Сари и Мидлсекс е во прекин, соопшти лондонската полиција.

При инцидентот нема повредени, а засега е познато дека стрелата е истрелана од надвор.

Британските медиуми објавија фотографии на спортскиот судија кој го држи предметот в раце.