ССМ утре ќе блокира влез во Скопје
Штрајкувачкиот одбор - Претседателството на ССМ дискутираше за активностите кои се спроведуваат со генералниот штрајк.
Сојузот на синдикатите на Македонија смета дека сите работодавачи треба да ги следат примерите од локално ниво каде што штрајкот е со успех и работниците го добиваат заслуженото и одработеното усогласување на платите за 2806 денари што е едно од главните барања и главна причина за штрајкот.
Вработените во јавниот сектор се солидарни како никогаш до сега, а работниците во јавниот сектор кои добија усогласување на платите овие три изминати денови штрајкуваат и за работниците кои не добија солидарно усогласување на нивните плати за 2806 денари.
Незадоволството на работниците од јавниот сектор е огромно и поради тие причини Сојузот на синдикатите на Македонија продолжува и преку други форми на синдикален притисок, незадоволството да го изразува на улица.
На 27.06.2022 година ( понеделник) од 07 часот до 10 часот ќе застанеме на влезот на главниот град Скопје на раскрсницата во населба Автокоманда на бул. Александар Македонски со 16 Македонска бригада, а ќе бидат пропуштани само возила на итна медицинска помош, полиција, армија и пожарна.
Пораката ќе биде јасна за пратениците кои не даваат поддршка и глас за предог амандманот на ССМ, зошто работниците не се задоволни од нивната продуктивност и ангажман за надминување на работничките проблеми, а на овој начин пратениците нема да можат да стигнат во Собранието за да наплатат патни трошоци, а истото важи и за владините министри кои се глуви за работниците и работничките барања во оваа криза.
Укажуваме на работниците и на граѓаните однапред да го планираат нивното движење во наведениот период и да ја избегнат раскрсницата на бул. Александар Македонски со 16 Македонска бригада или солидарно да ни се придружат, а можат да ни се придружат и сите работници.
Сојуз на синдикатите на Македонија
Ново на Сител
-
Состојба на патиштата
-
Променливо облачно со повремен дожд, грмежи и ветер
-
ПП-Демократска Бугарија го доби мандатот за формирање влада и веднаш го врати нереализиран
-
Пожар на дел од куќа во Кавадарци
-
Еден отстранет и дисциплинска за петмина полицајци за инцидентот пред тетовската болница
-
Пронајдено двегодишно девојче кое исчезна во Сиднеј
-
Им дал 800 евра а за возврат му ветиле дијаманти, измамен кумановец во Скопје
-
Избоден маж на Бит Пазар поради недоразбирање во сообраќајот