-->
-->
ССМ со кампања против работата на црно
-->
Сојузот на синдикати на Македонија со пакет активни мерки започнува кампања против непријавената работа.
Кампањата ќе се спроведува во следниот период, а ќе содржи низа мерки почнувајќи од обуки за невработените до активности со кои ќе се укаже што треба да се преземе за заштита на вработените од работата на црно.
- Ја започнуваме кампањата против ова општествено зло, односно против работата на црно. Анализите од досегашните испитувања покажаа дека околу 22,5 проценти се провоцираат мерки кои укажуваат на неформална економија во Македонија, истакна претседателот на ССМ Живко Митревски на денешната прес-конференција.
Во Европската унија, како што посочи Митревски, овој процент се движи некаде од 19 до 22 проценти.
Спроведените истражувања покажуваат дека најмногу работата на црно ја има во земјоделството, градежништвото, транспортот, хотелиерството, трговијата и услугите. Најпогодени од оваа работа се лицата на возраст од 15 до 30 години, а опфатени се и студентите и пензионерите. Работата на црно е особено присутна во сезонската работа.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Руски воен репортер загина во Украина
-
Претрес во Свети Николе, пронајдена дрога
-
Пожари на диви депонии во Желино и Боговиње
-
Приведен дилер во Охрид, пронајдена дрога
-
Вучиќ-О'Брајан: Различни ставови по прашањата за Косово и Сребреница
-
Шест деца и тројца возрасни загинаа во израелски напад во Рафа
-
Во вторник предизборен молк
-
СПМ поднесе кривична против поранешниот министер за внатрешни работи и други три лица за несовесно работење