Бизнис
6. February 2020 - 16:37

ССМ очекува потпишување нов општ колективен договор и К -15 за сите во јавниот сектор по изборите

Регрес за годишен одмор од 9.000 денари , платена прекувремена работа, работа за празници, дневници за службени патувања, зголемени слободни денови за склучување брак, раѓање дете, погреб,  развод, плата  за време на суспензија и штрајк, отпремнина. Ова се само дел од придобивките кои ќе ги добијат 17.700 вработени во државната  администрација со потпишаниот Колективен договор. Овие права нема да важат за вработените во здравството, образованието, одбраната, социјалната работа. Тие веќе добиле зголемување на платите, вели министерот Манчевски

Според претседателот на УПОЗ не се работи за дискриминирачки и предизборен потег, затоа што преговорите со Владата траеле 2 години. Имале недозразбирања, но ги надминале. Ги повика и останатите Синдикати, кои се репрезентативни да се борат за правата на своите членки.

Сегрегацијата  не е добра ,  вели министерката за труд. Затоа се разгледува опцијата сите административци  да добијат К 15.

Да нема дискриминација, регрес за годишен одмор да има за сите вработените во јавниот сектор, побара и Сојузот на Синдикати. На средбата со Манчевски му укажале дека не може едни вработени да се стават за понеповолна положба од други. Затоа побарале што поскоро да се потпише Општиот колективен договор кој ќе ги опфати сите работници. Според Манчевски, тој се подготвува и најверојатно ќе биде потпишан после изборите. Инаку придобивките од Колективниот договор ќе го чинат буџетот 2,5 милиони евра . Со него  нема да бидат опфатени вработените по Рамковен.