Македонија
11. November 2017 - 19:05

ССМ на вонреден конгрес бира нов претседател

Сојузот на синдикати не избра нов претседател. Поради незадоволство кај дел од делегатите и големиот број на забелешки денешниот вонреден конгрес заврши без избор. Одлучиле да не гласаат  бидејќи за нов претседател беше предложен само еден кандидат.

Во рок од 30 дена комисијата на синдикатото ќе треба да утврди можни кандидати кои ќе бидат прдложени за лидерската позиција на ССМ. На денешниот конгрес пред делегатите за избор на сојузот беше предложен актуелниот в.д претседател Дарко Димовски . Во ожохрид каде конгреот се одржуваше зад затворени врати присуствувале 93 од вкупно 113 делегати од 17 гранкови синдикати кои членуваат во ССМ. Претходно дел од колегите на единствениот кандидат за претседател Димовски се спротиставија на  неговата кандидатура тврдејќи дека тој не е соодветен за да ги брани работничките права. Го обвинија дека е партиски член и  бизнисмен.