Бизнис
5. July 2019 - 10:57

ССК: Помалите судски спорови меѓу бизнисите да се решаваат со медијација

Судските спорови се многу бавни, па додека да заврши целата постапка голем број компании стануваат неликвидни и влегуваат во стечај.

Сојузот на Стопански комори бара да почне да се користи медијацијата како редовна процедура за решавање на помалите судски спорови помеѓу бизнисите.

На тој начин ќе се намалат трошоците на стопанството, но ќе добијат и на време. Постапката на медијација, според Законот не смее да трае повеќе од 60 дена, но праксата покажува дека спорот се решава после само неколку состаноци.

Според анализите на ССК, регуларната судска постапка не трае помалку од два години, а постојат и случаи кои траат и до 10 години. Комората на медијатори се приклучи ССК како 34-та членка.

Комората во следниот период ќе работи на промоција на медијацијата. Во моментот во земјата има 43 лиценцирани медијатори кои можат да работат на територијата на целата држава.

Даниел Василев