Бизнис
27. November 2019 - 17:25

ССК: Изминатата година тешка, со проблеми и ниски добивки

Годинава најтешка за бизнис секторот, велат од ССК.  Компаниите очекуваат да прокнижат најмали добивки, што ќе значи помалку пари во државната каса по основ на даноци од стопанството. Одржувањето на ликвидноста изминатиот период е главен проблем за фирмите- особено за помалите. Ситуацијата дополнително се усложни по воведувањето на прогресивниот данок кој дирекно влијаеше на нивната работа.

Проблем за бизнисот останува и сивата економија која изнесува над 30 проценти и е присутна во речиси сите сектори. Од УЈП велат се работи на нејзино сузбивање. 

Од бизнис заедницата не очекуваат подобрување на состојбата следната година. Компаниите сеуште закрепнуваат од претходниот период на политичка нестабилност, а за 2020 веќе се закажани нови предвремени парламентарни избори.