Македонија
14. March 2018 - 15:26

ССК и Конфиндустрија дополнително ќе ја зголемуваат соработката меѓу Италија и Македонија

Сојузот на стопански комори (ССК) и конфедерацијата на италијанската индустрија Конфииндустрија Македонија ќе ја подобруваат соработката меѓу македонските и италијанските компании. За таа намена денеска во Скопје потпишаа меморандум за соработка за зголемување на економско-трговските релации помеѓу членките на двете асоцијации.

Претседателот на Македонската комора за посредување во промет со недвижности во ССК, Александар Милошевски потенцира дека водечката италијанска конфедерација, со својата силна мрежа заедно со Сојузот, ќе делуваат во зацврстување и воспоставнување нови деловните релации меѓу компаниите од двете земји. 

- Во фокус на меморандумот е зголемување на соработката меѓу компаниите на двете институции, размена на бизнис информации, организација на заеднички форуми, конференции и Б2Б средби, во насока на склучување нови партнерства и зајакнување на веќе постоечките, како и учество на проектни активности и искористување на достапните фондови од Европската унија, рече Милошевски и додаде дека треба да се насочиме кон зголемување на трговската и инвестициска соработка.

Претседателот на Конфииндустрија Македонија Марко Маркони истакна дека Конфиндустрија има 160.000 членки од сите големини, со централно седиште во Рим и повеќе претставништва низ Европа.

- Конфииндустрија Македонија е основана со цел да биде адреса за сите италијански претприемачи коишто во Македонија бараат бизнис партнери, а овој дел од Балканот го сметаат за интересен за развој на своите бизнис активности, рече Маркони. Тој нагласи дека постои особен интерес за инфраструктурни проекти.

Италијанскиот амбасадор Карло Ромео посочи дека отворањето на Конфинидустрија Македонија во октомври 2017 година е еден од првите важни чекори за воспоставување подобра соработка на италијанските компании со стопанството во Македонија. Тој посочи дека во последните месеци е зголемен итересот на италијанските  претпријатија за соработка со македонските фирми. - Тоа покажува дека Конфииндустрија Македонија дава резутлтати, рече Ромео.

Италија е шести трговски партнер на Македонија. Во 2017 година трговската размена меѓу двете земји изнесува 612,4 милиони долари, од кои 185,2 милиони се извоз од земјава, а 427,2 милиони долари увоз.