Бизнис
3. November 2016 - 20:15

ССК додели признанија на најуспешните компании

На компаниите им се потребни политичка стабилност и стабилни институции, велат од Сојузот на стопански комори.

Комората денеска додели признанија на успешните македонски компании кои и покрај кризата во која се наоѓа државата, изнаоѓаат начини како да го зголемат бројот на вработувањата и да ги прошират своите капацитети.