Македонија
25. October 2018 - 17:31

Срушена импровизираната куќа на бездомничка во центарот на Скопје

По неколку месеци потрага по решение, општината Центар обезбеди полициска асистенција за да го сруши импровизираниот дом изграден од градежен отпад покрај народната банка. Додека багерите ја уриваа дивоградбата бездомничката се обидуваше да спаси барем дел од она што за неа било покуќнина. Од денеска таа останува под ведро небо.  

Министерството за труд и социјала нема одговор за проблемот на оваа жена. Иако пред неколку месеци министерката Царовска најави дека решението ќе го бараат заднички денеска на терен ги немаше социјалните служби. Тие тврдат дека ги одбила сите досегашни понуди за сместување.

раѓаните реагираат дека бездомничката ја загрозува безбедноста на булеварот каде досега живееше. Тоа го направи и денеска.

Пред да се насели овде живеела под мостот на железничката станица. И додека таа бара нова ликација, институциите остануваат без решение.