Фудбал
26. February 2021 - 9:52

Срушен рекордот по ефикасност во 1/16 финалето од Лигата на Европа

Вкупно 102 голови се постигнати на 32 натпревари од 1/16 финалето во тековната Лига на Европа на УЕФА. Просекот по натпревар изнесува 3,19 погодоци. Ова е нов рекорд на турнирот во оваа фаза.

Претходното достигнување беше воспоставено минатата сезона со 95 голови.

На синоќешните реванши најефикасно беше во Глазгов каде шкотскиот претставник Ренџерс го победи белгиски Антверп со 5:2. Овие две екипи седум гола постигнаа и на првиот натпревар. Тогаш резултатот беше 4:3 исто така за Ренџерс.