Бизнис
16. February 2017 - 20:05

Српските стопанственици се придружија на апелите за деблокада на Евзони

Не само Македонија туки и земјите со кои соработува трпат штети од блокадата на Евзони. Потребно е итно решение на проблемот апелираат македонската и српската комора. Без слободен проток на стоки и луѓе штетите ќе бидат огромни.

- Се обидуваме да укажеме колкави се штетите и трошоците од ваквите времени пречки. Воедно апелираме да се овозможи слободен проток на стоки и луѓе, нагласи Миловановиќ

Македонските стопанственици испратија дописи до грчките надлежни органи. Одговорот е дека и тие се залагаат за побрза разрешница.

Штрајкот на грчките земјоделци почна пред 18 дена. На брза разрешница вчера повика и евроамбасадорот Жбогар.

Денеска, македонските и српски стопанственици на бизнис форум во Скопје основаа деловен совет.