Фудбал
29. September 2017 - 14:08

Српските фанови направија „р'шум“ низ Келн

Повеќе од 100 лица се уапсени ноќта помеѓу четврток и петок во Келн за време на тепачката помеѓу навивачите на Келн и Црвена звезда.
 
Локалниот весник „Експрес“ повикувајќи се на полициски извори пренесува дека нередите се случиле околу полноќ и дека во тепачките биле повредени двајца полицајци и четворица навивачи. Полицијата уапсила 110 лица меѓу кои има и германски државјани, но според истиот извор најголем дел од уапсените се српски навивачи.
 
Келн и Црвена звезда се сретнаа во рамките на второто коло, во Групата Х во Лига Европа. Победи Црвена звезда со 1:0, со голот на Боачи во 30. минута.
 
Пред почетокот на мечот низ градот имало неколку навивачи тепачки во моментите додека навивачите на Црвена звезда се движеле кон стадионот, а се кулминирало околу полноќ во близина на железничката станица кога навивачите на Келн ги нападнале српските навивачи.
 
Потоа тепачка имало и во центарот на градот.
https://