Македонија
26. April 2018 - 16:19

Српскиот претседател Вучиќ утре во еднодневна посета на Скопје

Српскиот претседател Александар Вучиќ утре ќе престојува во еднодневна посета на Скопје, каде ќе присуствува на состанокот на лидерите на процесот Брдо-Бриони, соопштија од неговиот кабинет.

Домаќин на Самитот е претседателот Ѓорге Иванов, а како што е веќе најавено на самитот во Скопје ќе допатува и претседателот на Европскиот совет Доналд Туск.

Целта на процесот Брдо-Бриони е да ги собере лидерите на Западен Балкан, како и оние на Словенија и на Хрватска, за да се зацврсти политичкиот дијалог и да се зголеми нивото на доверба за решавање на билатералните и на регионалните спорови.

Брдо-Бриони самитот во Скопје е еден вид подготовка на самитот ЕУ-Западен Балкан, што ќе се одржи на 17 мај во Софија.