Македонија
1. December 2017 - 23:49
Српскиот патријарх отпатува за Москва
Бугарскиот патријарх Неофит не отпатува за Москва, но сепак на серускиот православен Собор ќе присуствува делегација на Бугарската православна црква. Иако нема официјална информација, сепак најверојатно здравствени причини биле моитивите зошто во последен момент било одлучено, наместо Неофит, делегацијата да ја поредводи Ловченскиот Митрополит Гаврил, кој е и дел од комисијата на БПЦ.
Српската Православна Црква пак, веќе соопшти дека Патријархот Иринеј денеска заминал за Москва. Него ќе го придржува Бачкиот епскоп Иринеј Буловиќ.
Според најавите, делегациите на СПЦ и на БПЦ во Москва ќе бидат најмалку шест дена. Извесно е дека Рускиот Патријарх ќе има одделни средби и со двете делегации, но нема точна најава за евентуална трилатерална средба.
Во меѓувреме во македонската православна црква владее оптимизам. Портпаролт на Синодот, дебарско-кичевскиот митрополит Тимотеј очекува многу скоро да почне процес на сослужување меѓу Македонската и Бугарската црква.
Владиката Тимотеј вели дека надеж за позитивен искох дава и моментот на затопување на односите меѓу двете држави.
Деканот на Богословскиот факултет Ѓоко Ѓоргевски, пак опценува дека МПЦ очекувала поинаков одговор на своето писмо, согласно двете главни барања кои недостасуваа во одлука на на Бугарскиот синод, а тоа е признавање на автокефалноста и воспоставување евхаристичко единство.
Неизвесно е и неблагодарно да се дадат било какви проценки пред да се видат кои се следните чекори кои ќе ги преземе БПЦ. Очигледно е дека е избрана поинаква, подолга и за нас сe уште непозната патека. Сe ќе беше поинаку доколку БПЦ покажеше одважност и го беше прифатила барем предлогот за воспоставување евхаристиско единство меѓу двете цркви. Тоа ќе ги охрабреше и останатите пријателски православни цркви на истиот чекор и дури тогаш ќе можеше да се говори за сериозен напредок во процесот на решавање на македонското црковно прашање, вели професорот Ѓоргтевски во интервјуто за државната агенција МИА.
-
Марјан Николовски
Сите содржини од овој новинар
-->
-->