Балкан
10. December 2016 - 19:00

Српскиот Парламент го донесе буџетот за 2017.

Српскиот Парламент денеска го донесе буџетот за 2017 година, во кој се предвидени вкупни приходи во вредност од 1.092 милијарди динари и вкупни расходи од 1.161 милијарди динари, со проектиран дефицит од 1,7 отсто од Бруто домашниот производ, пренесе Танјуг. 

За буџетот гласаа 153 пратеници, против беа 26, а тројца не гласаа.

Вкупните расходи ќе бидат повисоки за 69,1 милијарди динари од приходите, што е 1,7 отсто од БДП.

Буџетот за 2017 година е планиран врз основа на прогнозата дека реалниот раст на БДП следната година ќе биде три процента, а инфлацијата  2,4 процента.

За време на дебатата во Парламентот премиерот Александар Вучиќ изјави дека владата подготви стабилно финансирање и дека тоа е најдобро скроениот и реалистичен буџет.