Српскиот министер за надворешни работи бара отворање на прашањето за двојно државјанство со Црна Гора
Српскиот министер за надворешни работи Ивица Дачиќ смета дека ќе биде тешко да се одложи пописот на населението во Црна Гора и смета дека е важно да се отвори прашањето за двојно државјанство со Црна Гора.
Дачиќ повтори дека не е добро претставниците на новата црногорска власт лесно да даваат некои изјави за Србија и претседателот Александар Вучиќ, кој наводно бил на страната на Мило Ѓукановиќ.
– Србија нема интерес да има каква било хегемонија над Црна Гора, но имаме интерес да имаме добри односи со братската држава и братскиот народ, рече Дачиќ синоќа во емисијата Кирилица на телевизијата Хепи.
На забелешката дека победниците на парламентарните избори во Црна Гора се жалат дека никој не им честитал од Белград, Дачиќ вели дека има време за честитки и дека влада сè уште не е избрана.
Ново на Сител
-
Учениците учат само за оценка
-
Преглед на вестите од свет
-
Тема на денот со Милан Стефановски, аналитичар
-
Предизвици пред седницата на Уставен
-
Чествување - „Денови на Свети Климент Охридски“
-
Новата пречистителна станица во Дојран ќе биде готова до крајот на годината
-
Намалена интенција на младите за иселување, но предизвици има уште многу
-
Потенцијал за био економија има, недостасуват едукација, правна рамка и стратегии