Македонија
23. November 2021 - 16:51

Српскиот државјанин и неговата свршеница од Куманово се меѓу преживеаните во автобуската несреќа

Српскиот државјанин од Прешево и неговата свршеница од Куманово кои биле меѓу патниците во автобусот на „Беса транс“ кој ноќеска изгоре во Бугарија и во кој загинаа 46 лица, се живи, пишува српски Курир.

– Единствениот државјанин на Србија кој бил во автобусот што изгоре во Бугарија е Љуљзим Сулејмани од Прешево и тој е меѓу седумте преживеани патници, како и неговата свршеница од Куманово, со која заминал на патување во Истанбул – изјави Заев за „Курир“.

Жељко Јовиќ, амбасадорот на Србија во Бугарија, за „Блиц“ потврдил дека државјанинот на Србија е жив и дека е во болница. Амбасадорот отишол во болница да го посети повредениот Сулејмани.

Сулејмани и неговата свршеница пред два дена на социјалните мрежи споделиле заедничка фотографија од Истанбул.

Според досегашните информации, седумте преживеани патници спиеле во задниот дел од автобусот, а кога се случила несреќата го пробиле прозорецот, скокнале од автобусот и се спасиле.