Македонија
31. October 2017 - 13:49

Српски државјанин пронајден мртов во Македонски Брод

Во Полициската станица Македонски Брод, синоќа во 22:15 часот, дежурниот лекар во итната медицинска помош при локалната Јавна здравствена установа „Здравствен Дом“, пријавил дека од страна на З.Р. (42) од Радовиш бил донесен Д.И.(49) од Србија, со место на престој во Виница, кого го пронашол паднат во бесознание и без знаци на живот на ул.„Кузман Јосифоски Питу“ во Македонски Брод.

Како што соопшти МВР, од страна на дежурниот доктор била констатирана смрт, без видливи траги за насилство.

Увид извршиле Јавен обвинител и увидна екипа од Полициската станица Македонски Брод.

По наредба на Јавен обвинител телото е предадено за обдукција.