Балкан
26. January 2022 - 10:53

Српски детектив: Матеј Периш поради облог трчал километар и пол, скокнал во Сава и пливал кон Готик

Познатиот приватен детектив Браца Здравковиќ зборувал за исчезнувањето на Матеј Периш, објаснувајќи од лично искуство дека во вакви случаи може да се очекува неочекуваното.

Ова не му е прв пат да се огласува околу исчезнатиот Матеј Периш, бидејќи уште на почетокот укажува на необичноста кај таксистот од снимката од надзорните камери и пријателката на Матеј, Маја, поради нејзиното споменување на снег и мраз, кои таа вечер во Белград ги немало.

Здравковиќ посебно ги пофалил речните рибари, кои учествуваат во потрагата.

„Многу добро се организирани и сериозно си ја сфатиле работата. Триесет од нив се делат по смени, кога ќе видат нешто сомнително во реката со чамци одат до тоа место и проверуваат за што станува збор. Имаат и сонари кои се користат само во специјални услови, за пронаоѓање на исчезнати лица. Во некои ситуации сонарите се користат и за поставување на мрежи, таму каде што има јата риби. Но, сега риболовот е ставен во втор план и тие се посветени на потрагата“.

Тој додава дека во делот на Дунав, на вливот во Сава, во последните три децении имало стотина исчезнати и дека и самиот работел на некои од тие случаи.

Детективот се потсетил на случај од пред 30 години и разговорот со началникот.

„Ме праша: ‘Брацо, заврши си со се?’ А јас полн себе му одговорив потврдно: ‘Да началнику, ги известив сите станици по течението дека тој и тој исчезнал’. А тој ме погледна чудно и ме праша: ‘А станиците нагоре по реката и сите пловни притоки на Дунав надоле и нагоре? А јас му велам: ‘Началнику, водата оди кон Црно Море, а не кон Виена’. Тој ми кажа дека доколку еден ден имам амбиции да седам во неговата фотелја морам да научам дека некогаш предметите против своја волја одат и спротивно од течението на реката. Потоа ни јавија дека телото било пронајдено спротивно од течението“, се потсетил Здравковиќ, па додал:

„Затоа Матеј треба да се бара и спротивно од течението бидејќи никогаш не се знае дали се закачил за нешто“.

Здравковиќ открил дека неодамна го контактирало момче кое го познава Матеј и пријателите со кои се дружи.

„Тој вели дека тие момчиња се добри, но и енергични, со оглед на тоа дека одат на забави во странство. Меѓу другото, ми кажа дека тоа друштво и во Сплит имало меѓусебни облози дали некои може да направи нешто, што денес се вика предизвик. Овој може да прескокне толку, овој може да скокне од тој мост“, вели Здравковиќ, што би можело да открие нови гледишта во овој случај.

Детективот потоа продолжил:

„Потоа, на пример, некој полноќен триатлон, во смисла на трчање неколку километри, пливање, излегување на одредено место и правење стотина склекови. Можеби тука станувало збор за таков облог. Можеби Матеј по наговор на своите пријатели трчал километар и пол, скокнал во Сава и пливал кон Готик, а се поради облог. И ова е само една теорија, не е моја, туку на момчето од Сплит“, заклучил Здравковиќ.