-->
-->
Српската премиерка во посета на Бугарија
-->
Српската премиерка Ана Брнабиќ денеска ќе допатува во дводневна работна посета на Бугарија.
На првиот ден од посетата на Софија, Брнабиќ ќе се сретне со извршната директорка на Светската банка, Кристалина Георгиева, со која ќе разговара за економската ситуација во Србија и проектите на оваа меѓународна финансиска институција во земјата.
Средбата Брнабиќ-Георгиева ќе се одржи во пресрет на меѓународната конференција „Посилна регионалната интеграција на Балканот“, што ќе се одржи утре во Софија.
Во текот на дводневната посета на Бугарија, предвидено е Брнабиќ да се сретне и со бугарскиот премиер Бојко Борисов.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Се уште нема трага од двегодишната Данка, потрагата продолжува
-
Индустриското производство во февруари зголемено за 0,3 отсто
-
ДЗС: Струјата во второто полугодие лани поскапела за 8,2 отсто
-
СДСМ: Нема ништо ново во понудата на ВМРО-ДПМНЕ
-
И Италија ќе го чува македонското небо
-
Објавен конкурсот за уписи во средно училиште
-
Битолчанка пронашла граната додека копала нива
-
До вторник сончево и топло до 29 степени