Балкан
6. December 2017 - 8:55

Српската премиерка во посета на Бугарија

Српската премиерка Ана Брнабиќ денеска ќе допатува во дводневна работна посета на Бугарија.

На првиот ден од посетата на Софија, Брнабиќ ќе се сретне со извршната директорка на Светската банка, Кристалина Георгиева, со која ќе разговара за економската ситуација во Србија и проектите на оваа меѓународна финансиска институција во земјата.

Средбата Брнабиќ-Георгиева ќе се одржи во пресрет на меѓународната конференција „Посилна регионалната интеграција на Балканот“, што ќе се одржи утре во Софија.

Во текот на дводневната посета на Бугарија, предвидено е Брнабиќ да се сретне и со бугарскиот премиер Бојко Борисов.