Српската премиерка со партнерката маршираше на Прајд во Белград
Српската премиерка Ана Брнабиќ ја поддржа овогодинешната Парада на гордоста во Белград и на собирањето кај Славија се појави со својата партнерка Милица Ѓурѓевиќ.
„Сакам да му се заблагодарам на целиот тим за организацијата. Мислам дека повторно се испраќа порака за мир и толеранција кои во Србија мора да ги чуваме. Мислам дека тргнавме во вистинска насока, а Прајд служи за подигнување на свеста. Мене ми е важно денеска да зборуваме за европските прави и ЛГБТ заедницата, политички да не се делиме кога се во прашање човековите права. Секоја година станува се полесно, а тоа е кога добивате Влада која ќе обезбеди сите да имаат исти услови“, рече Брнабиќ.
На прашањето дали законот за регистрирано партнерско и за родов идентитет кој го предлага ЛГБТ заедница ќе биде усвоен, српската премиерска рече дека за донесување на било кој закон е потребно мнозинство во парламентот и потсети дека за тој закон говореле и додека таа била министер за државна управа и локална самоуправа.
Вели дека државата со невладините организации работела и нацрт закон за регистрирано партнерство.
„За законот ќе зборувам со своите колеги, а јас сум претставничка на сите граѓани, се залагам за права на сите во Србија“, рече Брнабиќ.
Инаку денеска на Парадата на гордоста околу 16 часот дошло до туркање меѓу неколку противници на Прајд и припадниците на Жандармеријата. Тие се обиделе да ги пресретнат учесниците на парадата, но полицијата ги спречила, а тие во знак на револт легнале среде улица.
Друга група се обидела да побегне во правец на Црквата Св. Марко за да ги пресретне учесниците на Прајд, но Жандармеријата и тука ги спречила тоа да го направат и да предизвикаат поголеми инциденти.
Српските медиуми јавија дека најмалку пет лица за уапсени заради предизвикување на инциденти на Парадата на гордоста која годинава се одржува под мотото „Не се одрекувам“.
Ново на Сител
-
Силјановска: Горда сум на граѓаните, не само на оние кои гласаа за мене туку и на останатите
-
Дел од извештаите на светските медиуми за претседателските избори во државава
-
ДИК: Oд обработени 80,03% oд гласовите Силјановска Давкова 284.775, Пендаровски 139.167
-
Јакимовски: Резултатите се далеку од моите очекувања
-
ДИК: Oд обработени 77,32% oд гласовите Силјановска Давкова 272.729, Пендаровски 133.184
-
Османи: Европскиот фронт ја победи коалицијата Вреди со над 40.000 гласа
-
Се слави пред седиштето на ВМРО-ДПМНЕ
-
ДИК: Oд обработени 71,19% oд гласовите - Силјановска Давкова 247.366, Пендаровски 121.228