-->
-->
Српската полиција почна да апси и фудбалски судии
-->
Српската полиција денеска соопшти дека по налог на јавното обвинителство во Нови Сад уапсено е лицето С.О кој го судеше натпреварот помеѓу Спартак Суботица и Раднички Ниш кој предизвика многу контроверзи во Србија откако главниот судија досуди смешен пенал за домашните. Според изјавата, лицето било уапсено поради сомневање дека сторил кривично дело злоупотреба на службената должност.
"Тој е осомничен дека на фудбалскиот натпревар во Суботица, помеѓу ФК Спартак и ФК Раднички, позитивно ја искористил својата позиција и домашниот тим го ставил во поповолна положба во споредба со противниците, Осомничениот добил задржување до 48 часа, кривичната пријава ќе биде поднесена до надлежниот обвинител ", се вели во соопштението.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација