Loading Video...
Балкан
3. January 2022 - 16:36

Српската полиција и понатаму трага по младиот Хрват кој исчезна во Белград на новогодишната ноќ

Различни единици на српската полицијата и понатаму трагаат за Матеј Периш од Сплит, кому на 31 декември околу 2.30 минути по полнок му се губи секква трага во белградскиот клуб Готик.

Земени се и изјави од другарите со кои Матеј дошол во Белград за дочек на новата година и со  ои бил во Готик. Проверени се и надзорните камери на клубот.  

Во потрагата се вклучи и таткото на исчезното момче, кој вчера дотпаува во Белград. Преку медиумите апелираше до сите кои имаат било каква информација да ја кажат, макар и анонимно.

Српскиот Претседател Вучиќ изајви дека надележните служби ке сторат се да го пронајдат исчезнатото момче.