Балкан
29. September 2016 - 11:24

Српската полиција го уапси директорот на Регионалната полиција на Косовска Митровица

Српската погранична полиција утрово го уапси директорот на Регионалната полиција на Косовска Митровица, Нехат Тачи, јави порталот „Њузнау“.

Тачи е уапсен на патот за Ниш, каде што требало да присуствува на судење, наведува изворот, пренесува Танјуг.

Косовската полиција го потврди апсењето, но не даде повеќе детали за случајот.