Џет-Сет
28. јуни 2018 - 13:43

Српската пејачка која трагично загуби неколку бебиња објави фотографија од ќеркичката- поводот ќе ве остави без зборови

Пејачката Слаѓа Алегро која се породи пред неколку денови денеска има уште еден повод за славење.

Имено пејачката денеска наполни 39 години, а ова е нејзиниот најсреќен роденден бидејќи го има најубавиот подарок, а тоа е нејзината ќерка Мила.

По повод роденденот ново печената мајка објави фотографија која ги разнежни фановите: „Најубав до сега… Ова е се што ми треба“, напиша Слаѓа.

Инаку пејачката претходно загуби неколку бебиња, а пред две недели на свет ја донесе својата прва ќерка Мила.