Српска пејачка очајна на одмор: „Платив скап хотел со 5 ѕвезди, а еве каде ме сместија“
Како и секое лето така и оваа сезона има многу патници кои платиле аранжман, а на лице место се разочарале. Ваква непријатност доживеа и пејачката Маја Николиќ која реши на Инстаграм да го сподели својот проблем.
Маја вели дека уплатила летување со синот во Тунис во хотел со пет ѕвезди, а кога стигнале таму ги пречекала агонија.
-Вака се чувствував првите три дена во Тунис во хотел со пет ѕвезди во Јасмин Хамамет, напишала Маја во описот на фотографијата и додала „ќебе во Тунис на 50 степени во таканаречен хотел со пет ѕвезди“.
Таа вели дека уплатила за неа и за синот одмор во хотел со пет ѕвезди и се заложувала по пат на друштвените мрежи да се направи нешто по повод нејзината ситуација и успеала во тоа.
-Првите три дена беше многу мачно, се додека не се преместивме во Ел Моурад Палм Марина. Сега и јас и Лазе ќе одмориме душа. Набрав босилек, го ставив под перница и со мир во срцето одам во кревет, порача Маја која сега неуморно објавува фотографии од новото сместување.
Ново на Сител
-
ДЗС: Струјата во второто полугодие лани поскапела за 8,2 отсто
-
СДСМ: Нема ништо ново во понудата на ВМРО-ДПМНЕ
-
И Италија ќе го чува македонското небо
-
Објавен конкурсот за уписи во средно училиште
-
Битолчанка пронашла граната додека копала нива
-
До вторник сончево и топло до 29 степени
-
Нето надворешниот долг на крајот на 2023 година изнесувал 4.458 милиони евра
-
Тетовци се жалат дека не можат да излезат од дома поради глутниците