Српска листа нема да гласа за демаркацијата, неизвесно одржувањето на седницата
Седницата на косовскиот Парламент, закажана за денеска во 11 часот, на која требаше да биде ратификуван Договорот за демаркација на границата со Црна Гора се уште не е почната.
Причина е необезбеден потребен број гласови откако официјално Српска листа соопшти дека нема да гласа за документот.
- Српска листа нема да гласа за договорот за обележување на границата со Црна Гора. Информацииите во медиумите на албански јазик дека Српска листа ќе гласа за Договорот се тенденциозни, се посочува во официјалното партиско соопштение.
Во него уште се наведува дека овој политички субјект ќе продолжи да се бори за српскиот народ на Косово.
Иако во соопштението не се наведува причината, претходно партијата учеството на седницата и гласањето за демаркацијата го условуваше со формирањето на Заедницата на српски општини.
Покрај Српска листа својот став против договорот го искажа и Движењето Самоопределување.
За ратификација на Договорот потребно е да гласаат 80 од 120 пратеници, а обезбедени се 78 гласови.
Во случај да биде ратификуван договорот, косовските граѓани може да очекуваат визн алиберализација во јуни или најдоцна во септември годинава.
Апел да се гласа Договорот, откако не почна седницата во закажаното време упати шефот на државата Хашим Тачи а повторен апел има и од американскиот амбасадор Грег Делави, како и претставници на политички партии и други косовски личности, за да „го ослободат косовскиот народ од изолација“.
Ново на Сител
-
ЈСП Скопје: Можни се технички проблеми при валидирање со телефон или апликацијата „Скопска“
-
Ангелов: Би работел за СДСМ но за плата од 5000 евра
-
МЗШВ: Лозарите добиваат гарантирана откупна цена на винското грозје
-
Македонија и 11 членки на НАТО ја зајакнуваат соработката за обука на воени пилоти
-
ССМ на 2 април на протест поради одлуката на Врховниот суд, ќе протестира и на 1 мај
-
Полицајци спроведуваат политичка кампања, училиште претворено во штаб на ДУИ
-
Приведено уште едно лице за убиството на докторот во Железара
-
Вработените во здравството најавуваат протест на 8 април