Балкан
15. November 2017 - 8:26

Српска листа ја замрзна комуникацијата со Хашим Тачи

Најголемата партија на косовските Срби, Српска листа писмено го информира претседателот на Косово, Хашим Тачи дека ја замрзнува секоја форма на комункација со него.

Според партскиот портпарол Игор Симиќ, во писмото упатно до Тачи, СЛ наведува дека неговата политиката во врска со позицијата и правата на Србите во Косово е „протвуставна, неправедна и штетна за српскиот народ“.

Српската листа смета Тачи „не направил ништо за спроведување на договорот од Брисел, иако и самиот е негов потписник“, посебно посочувајќи го „недостигот на негова ангажираност“ во врска со формирањето на Заедницата на српски општини.

Партијата, исто така, го обвинува Тали дека на локалните избори работел против интересите на СЛ „ангажирајќи при тоа и агенти“ за постигнување на целите.

Хашим Тачи

- Со помош на вашиот соработник Елми Речица и структурите на тајната служба, работевте на уривање на легитимниот претставник на Српска листа, со цел да го донесите вашиот поданик Ненад Цветковиќ за градоначалник на Партеш, стои во писмото на СЛ до Тачи.

Како што јави дописникот на МИА, забелешката се однесува на изборите за градоначалник на Партеш, каде Српска листа прогласи победа, но изборните органи решија во оваа општина да се одржи и втор круг, поради „купување гласови“ од страна на партијата. Во Партеш, како и во 19 други косовски општини, вториот круг на гласање ќе се одржи на 19 ноември.

СЛ, исто така, изразува незадоволството и околу некои други нерегуларности при употребата на српскиот јазик и јазиците на другите немнозински етнички заедници во локалните и централните косовски институци.

На крајот од писмото, Српска листа наведува дека комункацијата со Тачи ќе ја обнови дури тогаш кога тој ќе запре со „таквите негови практики“.

Инаку, Српска листа е дел и од владината коалиција и без гласовите на нејзините пратеници Владата не би имала мнозинство во косовското Собрание.