Живот
10. November 2016 - 20:54

Српска кошаркарка прозборе за семејната трагедија: Ми ја украдоа сестрата, уште не знаеме каде е

Славната српска кошаркарка Милица Дабовиќ во животот пребродила многу проблеми, а сега првпат проговори за својата семејна несреќа. Дабовиќ откри дека на нејзините родители им било украдено бебето кое било родено пред неа, и дека ни денес не знаат каде е.

-Тоа беше втора бременост на мајка ми. Пред тоа ја родила мојата сестра Јелица во 1974 година. Две години подоцна имала нормална бременост, девет месеци ги поминала без проблеми и после раѓањето докторите и рекле само дека бебето е родено мртво, вели Милица.

-Никогаш не го земала тоа бебе во прегратка, поради што и денес се прашува каде тоа дете исчезнало? Татко ми инсистирал да го земат детето, но тоа не му го дозволиле, му рекле дека такви се правилата на болницата. Во тоа време имало многу афери со крадење деца, бебињата ги прадавале, но што можеме ние освен да се прашуваме што било со неа. Тоа се случило пред точно 40 години, изјави Дабовиќ за Телеграф.рс.

1milica

Таа откри дека нејзините родители не ја тужеле болницата, затоа што целата работа била голем шок за нив. На нејзината мајка и требале 6 години да се опорави, кога ја донела на свет Милица.

-И понатаму се прашувам дали некаде имам сестра, како е, но добро е што ние четворица сме живи и здрави, фала му на Бога на тоа. Мајка ми и понатаму ја сонува секоја вечер, сестра ми требала да се вика Даница. Поради оваа случка, таа мене, Марко и Ана не роди во Цетиње, каде ја породил семеен пријател и секако се било во ред, вели Милица.