Македонија
9. October 2019 - 13:46

Српска компанија ќе ја расчистува депонијата со згура во Велес

Кон крајот на годината ќе почне да се остранува депонијата со згура во Велес.

Српската компанија ја доби "Б интегрираната дозвола" и во моментот се прават последните подготовки за отпочнување на екслоатација.

Од компанијата велат дека целиот процес ќе трае најмалку 4 години, но главен фокус ќе биде заштитата на животната средина.

По расчистувањето почвата ќе биде пренаменета и ќе се посади трева или маслодајна репка, во зависност од препораките од Земјодрлскиот факултет.

Даниел Василев